Репрезентативната пензија на Домагој Дувњак е одложена за најмалку два дена, откако Хрватска во драматична завршница ја совлада Унгарија со 31-30 во четвртфиналето во „Загреб Арена“.
Познато е дека последниот натпревар на Хрватска на ова СП, сеедно дали полуфиналето или финалето, ќе биде последен за капитенот на „коцкестите“.
Доколку Хрватите не ја победеа Унгарија пред преполните трибини, наместо радост и славје, ќе имаше тага и измешани емоции за легендарниот Дувњак.
Хрватските медиуми пишуваат дека Дувњак заслужува многу повеќе – нешто величевствено, посебно…погледнете ги сцените од победничката соблекувална на Хрватска и славјето со капитенот…