🎥 Филип Кузмановски откри каде ќе игра следната сезона

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, го крена шампионскиот пехар среде Скопје и ги израдува сите навивачи на битолскиот клуб.

Кузмановски е срцето и душата на Еурофарм Пелистер, откако се врати во Битола игра на високо ниво во континуитет, а во изјавата за 24Ракомет открива каде се гледа во иднина.

Низ социјалните мрежи кружат информации дека има понуди од Динамо Букурешт и ПИК Сегед, но сигурно и шампионот ќе сака да го задржи во своите редови.

„Еурофарм Пелистер направи многу за мене и благодарен сум, по оние турбулентни сезони во странство. Ова титула ќе ја славам три дена. Навистина сакам да останам во Битола, ќе разговарам со претседателот и тоа е приоритет за мене затоа што матичниот клуб многу нарпави за мене“, откри Кузмановски.

Тој се врати во Еурофарм Пелистер по настапите во Металург, Магдебург и Хановер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)