Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби вторпат оваа сезона во Лигата на шампионите, откако беше поразен од ГОГ Гудме во Битола со 31-28. По мечот, навивачите на битолскиот клуб по којзнае кој пат ја покажаа големата љубов кон клубот и ги бодреа со играчите со кои ги слават победите, а сега заедно беа и во поразот. „И кога губите ние ве бодриме“...им порачаа навивачите на пелистерци.




