🎥 Фер-плеј потег на Де Варгас: Спречи црвен картон за ривалот што му е клупски колега!

На мечот меѓу Шпанија и Шведска од последното коло во групната фаза на Светско првенство, голманот Перез Де Варгас воодушеви со својот фер-плеј потег.

Oткако Ване шутираше пенал, судиите помислија дека го погоди во главата шпанскиот голман и веќе го извадоа црвениот картон.

Сепак Перез Де Варгас веднаш дојде до арбитрите, им објасни дека тоа бил удар во рамото, па се одби во лицето и дека нивната проценка е погрешна.

Тие ја прифатија неговата забелешка, а Ване го поздрави потегот на клупскиот колега од Барселона.

Шпанија иако губеше со седум гола разлика, на крајот сепак успеа да стигне до реми 29-29, што значи дека двете селекции пренесуваат по три бода во главната рунда.