Селекцијата на Португалија денес ја очекува дуел против репрезентацијата на Македонија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Иако Португалија исто како и Македонија, со неколку промени ги стартуваше подготовките за двомечот со нашата селекција, сепак, е истакнат фаворит против избраниците на Кире Лазаров.
Еден од поквалитетните играчи во репрезентацијата на Переира, левото крило Леонел Фернандес, кој е соиграч на Никола Митревски во Порто, истакна дека македонската репрезентација е незгоден ривал, особено кога игра на домашен терен.
,,Македонија е тим со многу натпреварувачки дух и знаеме дека ако не го одработиме нашиот дел, со строгост и дисциплина, особено кога тие играат на домашен терен, можеме дури и да загубиме. Сепак, ние веќе знаеме како да се справиме со тоа. Знаеме да управуваме со емоциите за да не ни наштетат и да бидат предност за Македонија. Мислам ќе имаме интересен дуел со голманот Митревски, кој е неверојатен голман”, изјави Фернандес за португалскиот портал „О Жого“.
Дуелот меѓу Македонија и Португалија ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Реваншот меѓу двете селекции ќе се одигра три дена подоцна, на 12 март во Матосињос.