Јотиќ: Нè чека интересен натпревар со Нексе, ќе биде добра увертира за ЛШ

По триумфот над Војводина, ракометарите на Вардар ги очекува вториот дуел од регионалната СЕХА лига.

Ривал на „црвено-црниот“ тим ќе биде Нексе Нашице, кој секогаш бил незгоден за македонските претставници во СЕХА.

Хрватот Ловро Јотиќ очекува интересен двобој.

„Драго ми е затоа што сме пак заедно, репрезентативците се вратија, го чекаме уште Чупиќ кој ќе пристигне наскоро. Немаме проблеми со повреди, освен со Дисингер, но знам дека ќе заздрави брзо. Не чека натпреварот со Нексе, доаѓањето на новиот тренер нема да промени премногу, само два дена е со тимот. Се познаваме со нив, тие знаат за нас скоро се, Нексе е квалитетна екипа. и сигурен сум дека ќе следи еден интересен натпревар што ќе биде добра увертира за ЛШ“, изјави Јотиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра в понеделник од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.