понеделник, септември 26, 2022

Ѓукиќ за 24Ракомет ТВ: Ми одговара стилот на Еурофарм Пелистер 2, ќе играме брз ракомет (ВИДЕО)

Ракометарот од Србија кој дојде во втората екипа на Еурофарм Пелистер од првиот состав смета дека нема да има проблеми со адаптација во вториот состав бидејќи му одговара играта која ја негува Александар Јовиќ со момците од овој тим. Тој во потрага по поголема минутажа се реши да ја прифати понудата и да игра за вториот состав, па сега му останува во новата сезона да покаже дека може одново во првиот тим. За она што претстои во новиот шампионат, но и за она како размислува за трансферот можете да погледнете во краткото видео интервју со десното крило од Србија, Милан Ѓукиќ.