Штипска конекција во Австрија – Астибо на гости кај Холабрун

Женскиот суперлигаш од Македонија, Астибо, моментално, се наоѓа во Австрија како специјален гостин на Холабрун. Се работи за клуб кој располага со женска и машка екипа, како и со неколку младински школи.

Екипата од Штип ќе одигра неколку пријателски натпревари против австриската екипа, а раководството на Астибо очекува дека одличната соработка ќе продолжи и во иднина.

Моментално во машката екипа на Холабрун настапува поранешниот репрезентативец на Македонија, Влатко Митков, кој е по потекло од Штип, а исто така, дресот на клубот во оваа сезона го носеше и десното крило, Никола Костески.

Бидејќи Холабрун ја освои шампионската титула во Втората лига во Австрија, планирана е свечена промоција, на која ќе присуствува и женскиот тим на Астибо.