Шпанец ќе го води Косово во квалификациите за ЕП

Стратегот на тимот на Беса Фамгас, Шпанецот Хавиер Кабанас е новиот селектор на репрезентацијата на Косово за натпреварите од квалификациите за ЕП 2022.

Во Ракометната федерација на Косово се задоволни од тоа како Кабанас работи во клубот и затоа му дадоа доверба.

Тој ќе ги предводи ракометарите на средбите против Црна Гора и Шведска. Косово гостува кај Црна Гора на 4 ноември во Подгорица, а четири дена подоцна во Приштина гостува селекцијата на Шведска.

Сепак, ова е само привремена замена, а селектор на косово останува и понатаму Таип Рамадани. Тој ќе го формира тимот, а Кабанас само ќе го предводи на тренинзите и натпреварите. Рамадани во моментов е во Австралија и поради ситуацијата со коронавирусот не е во можност да допатува во Косово за овие подготовки.