Репрезентативецот на Црна Гора, Арсеније Драгашевиќ, кој во претходните две сезони настапуваше во словенечкиот шампион Целје, одлучи да го напушти клубот од Словенија и да се пресели во Швајцарија.
Младиот ракометар во новата сезона ќе игра за Винтертур, клуб кој со години е меѓу најдобрите тимови во Швајцарија. Драгашевиќ игра на позиција лев бек и со раководството на Винтертур потпиша тригодишен договор.
20-годишниот ракометар од Црна Гора од неодамна го има статусот на сениорски репрезентативец на неговата татковина. Левиот бек при престојот во Целје имаше шанса да игра и во Лига на шампионите против екипи како Барселона, Веспрем, ПСЖ, Кил…
Винтертур за следната сезона го ангажираше репрезентативецот на БиХ, Адмир Ахметашевиќ, кој во швајцарскиот клуб пристигна од Висла Плоцк, како и шпанскиот репрезентативец од Фуксе Берлин, Вилан Морос.