Повремениот репрезентативец на Црна Гора, Лука Вујовиќ, по заминувањето од Металург сепак ќе остане во Скопје.
Младиот кружен напаѓач помина тест период во составот на Работнички и се договори да остане за да помогне во борбата за опстанок.
Вујовиќ во минатата година и пол беше дел од тимот во Автокоманда, но не ја доби посакуваната минутажа.
Поранешниот пикер на Ловќен се поврзуваше со трансфер во Струга, но од тоа нема ништо и кариерата ќе ја продолжи во Работнички.
Овој тим за конкуренти за опстанок ќе ги има Тиквеш, Прилеп, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Астраион, Младост Богданци и