„Црвено-црна“ шампионска вечер, Вардар му сервираше одмазда на Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Загреб (Лига на шампиони)

Вардар со победа од 20:19 против ППД Загреб се најде на чекор од осминафиналето во Лигата на шампионите, а според тоа како се движат работите во Групата А за очекување е да се дојде до место во елиминациите. Ова беше победа со која вардарци им се одмаздија на колегите од Загреб за играта направена пред Ф4 во СЕХА, но и за поразот на првиот дуел од ЛШ. Денешната средба донесе резултат каков што се посакуваше така што оваа победа треба да даде крилја и уште подобри игри против Мешков Брест и Елверум.