Цел ноември Бундес лигата без публика

Со новата забрана која беше донесена од страна на Владата на Германија, стана јасно дека натпреварите од Бундес лигата и сите други средби на домашен терен и на репрезентацијата и на меѓународно ниво ќе бидат одиграни без присуство на публика.

Одлуката е во ноември на спортските настани да нема публика. Ова веќе наиде на реакција кај клубовите бидејќи со ова тие ќе претрпат нов удар на финансиски план и дефинитивно ќе имаат нови загуби.

Немањето публика ќе влијае на егзистенцијата, па веќе почнаа и првите реакции.

Директорот на Бундес лигата, Франк Боман вели дека тие го положиле тестот и со ништо не придонеле за ширење на коронавирусот. Вели и дека новите случаи на позитивни на Ковид 19 не се поврзани со натпреварите од Бундес лигата, но засега одлуката не може да се менува.

Надежта е дека истата забрана нема да биде продолжена и во декември туку тогаш ќе може публиката да се врати на трибините.