Целје го врати Куп трофејот во своите витрини

Тимот на Целје, кој е предводен од поранешниот ракометар на Вардар, Алем Тоскиќ, го освои Куп трофејот во Словенија.

Целје за ривал во финалето од словенечкиот Куп го имаше тимот на Ормож и без многу проблеми славеше убедлива победа со 35:24 (19:14).

Актуелниот шампион на Словенија цели пет години чекаше за враќањето на трофејот. Во последните четири, односно две сезони победник во Купот на Словенија беше екипата на Горење.

Во сезона 2019/2020 и 2020/21 поради ковид пандемијата не беа одиграни натпреварите од Купот.

За Целје освоениот Куп трофеј во оваа сезона беше 22-ти во својата клупска историја.