Холандија победи во Вроцлав, се врати на позицијата која води на ЕП

Репрезентацијата на Холандија дојде до минимална победа на гостувањето во Вроцлав против Полска со 27:26 и на тој начин се најде на 2. место после овој натпревар така што во моментов има одлична позиција на патот кон Европското првенство.

Двете репрезентации одиграа интересен натпревар во кој нијанси одлучуваа околу победникот. Прашањето беше кој ќе се снајде подобро, а на крајот одлучуваше само една топка.

Првото полувреме финишираше со само еден гол разлика. Резултатот беше 11:11 така што овој резултат беше сосема доволен за да може и продолжението да биде максимално возбудливо. Така беше буквално до крајот. Во клучните минути Кеј Смитс почна да докажува зошто е лидерот во составот на Холандија.

Со својот десетти погодок од 13 шута тој донесе победа за Холандија од 27:26 и два важни поени. Зад него со седум погодоци остана Лук Стајнс, додека кај домашните Михал Дачек со шест и Мацеј Гебала со шет беа најефикасните.

На оваа средба пивотот на Вардар, Патрик Валчак не беше во составот на Полска.