четврток, септември 18, 2025

Фудбалската одбрана на Митревски во ТОП 10 на сезоната во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски дефинитивно имаше сезона за паметење. Освен двојната круна со Порто во португалскиот шампионат и Куп, битолчанецот имаше импресивни бројки и во Лигата на шампионите. Малку фалеше Порто да се избори за место во четвртфиналето на елитното натпреварување, а Митревски беше меѓу носителите на играта. Медиа тимот на ЕХФ ги одбра најдобрите десет одбрани на сезоната во ЛШ, а без Митревски не можеше да помине таквиот избор. Фудбалската парада на мечот против ПИК Сегед се најде на шестото место. Покрај Митревски, во изборот на ЕХФ се најдоа и одбраните на Нилсен, Пешиќ, Миклер, Гонзало, Ландин, Буриќ, Жерар, Вулф и Гаде.