Натпреварот меѓу Финска и Македонија од 5. коло од квалификациите за Европското првенство се игра в среда од 17 часот во Рихимаки.
Македонија е фаворит на овој дуел и се очекува уште една победа, а веќе се познати официјалните лица за овој дуел.
Судиите ќе бидат од Франција, а се работи за Саид Боноара и Калид Сами. Делегатот на овој натпревар ќе биде Калев Вентсли од Естонија.
После овој дуел ќе остане уште еден натпревар, а истиот се игра на 2 мај во Скопје. Тогаш ќе гостува составот на Швајцарија за крај на уште едни квалификации за Европско првенство на кое Македонија ќе биде учесник.