Французите се подготвуваат да воведат ново правило во најдобрата домашна лига за наредната сезона.
Секој натпрeвар кој ќе заврши нерешено ќе добие победник после изведување на пеналите а за тоа победничкиот тим ќе добие дополнителен поен, пренесува lequipe.fr.
Ваквиот предлог беше инициран од синдикатот на тренери 7Мастер и доби позитивен одговор од лигата и од играчите.
Во случај на нерешен резултат после 60 минути двата тима ќе добијат по еден поен исто како што е и сега. Измената е што после изведувањето на пеналите од пет серии ќе биде одреден победникот и тој ќе дoбие уште еден поен.
Овој начин на играње на првенството би требало да придонесе за поинтересна сезона и секој натпревар да има победник. Сепак останува да се види како тоа ќе изгледа и како ќе функционира кога ќе започнат натперварите.