Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе биде одигран на 12 и 13 јуни во Арената „Ланксес“ во Келн, а годинава ќе играат Барселона (Шпанија), Алборг (Данска) и француските ПСЖ и Нант.
Кој против кого ќе игра во полуфиналето ќе се знае на 25 мај, а веќе е познато дека и годинава публиката нема да биде присутна на натпреварите. Причината е во здравствените услови и мерките за внимателност кои се воведени од страна на власите во Германија.
Поради сето ова втор турнир по ред ќе се игра без публика на трибините и гледачите ќе бидат оневозможени да следат убави натпревари на кои се очекуваше да има интересен ракомет.
Првпат без публика се играше минатата година кога турнирот беше под голем прашалник поради пандемијата со Ковид 19. Тогаш турнирот се одржа на крајот од декември, а сега се очекува истиот да биде одигран во предвидените термини.