Капитенот на Кадетен Шафхаузен, Лукас Хербугер ја продолжи соработката со швајцарскиот клуб. Двете страни се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до јуни, 2025 година. Искусниот ракометар, кој настапува на позицијата лево крило, дресот на Кадетен Шафхаузен го носи од 2018 година. Најголемиот дел од својата карира го мина во тимот на Алпла Хард.
Репрезентативката на Русија и колешка на Сара Ристовска во ЦСКА Москва, левиот бек Елена Михајличенко реши да не ја менува средината и да остане во московската екипа. Младата ракометарка и следната сезона ќе настапува за ЦСКА Москва. Претходно договорот го продолжи и Ристовска, па така тимот на Олга Акопјан за следната сезона повторно ќе важи за еден од фаворитите за освојување на титулите во Русија.
Српскиот интернационалец Милош Обровиќ, кој во својата кариера настапуваше и за Мотор Запорожје, останува во амбициозниот тим на Креинс Луцерн. Раководството на тимот информираше дека постигнале нов договор со Обрадовиќ. Србинот во клубот од Швајцарија ќе остане уште три сезони, односно до јуни, 2026 година.
Нант најави продолжување на договорот со левиот бек Тибо Брие. Учесникот во Лига на шампионите реши да го задржи младиот ракометар во својот тим на долгорочен период, па така Брие ќе настапува во Нант најмалку до 2028 година.