ТОП 10 трансфери во Лигата на шампионите – Радичевиќ, Вестер, Грос….

Само триесетина дена не делат од почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони за жени која треба да започне на 11 септември. Екипите во иминатите месеци правеа подготовки за новата сезона, а многу ракометарки ги променија клубовите.

Десетте трансфери кои привлекуваат внимание ги направија најголемите и навалитетни клубови како Ѓер, ЦСКА Москва, Мец, ЧСМ Букурешт, некои направија по неколку измени а други се решија за поголеми промени во своите тимови.

10. Крина Пинтеа – во Ѓер од ЧСМ Букурешт

Оваа 31. годишна романска ракометарка има квалитет да игра во двата правци, исклучително е корисна во одбраната а кога напаѓа во најдобра форма невозможно е да се запре. Пинтеа веќе ја има освоено Лигата на шампиони со Ѓер во сезоната 2018/19, а после две сезони во својата зема повторно ќе игра во Унгарија.

9. Нереа Пена – во Крситиансанд од Есбјерг

Шпанскиот среден бек играше осум години во Унгарија, во Ференнцварош и Шиофок пред да замине во Есбјерг. Таа го имаше своето прво искуство во скандинавски тим, така ќе продолжи и следната сезона само Данска ќе ја замени со Норвешка. Пена има големо искуство во европоските натпреварувања и постигнато над 400 голови.

8.Едуарда Аморим Талеска – во Ростов Дон од Ѓер

Бразилката помина 12 години во Ѓер каде што освои многу трофеи меѓу кои и пет титули во Лигата на шампионите. Аморим е многу квалитетна, може да биде лидер во секој тим и е почитувана од соиграчите што секако добро ќе и дојде на екипата на Ростов Дон.

7. Мајда Мехмедовиќ – во Кастамону од Будуќност

Мајда Мехмедовиќ е една од најдобрите леви крила во Европа, препознатлива е по војата брзина и ефикасност и сигурно многу ќе придонесе во новиот клуб. Левото крило повторно ќе биде во ист тим со Јованка Радичевиќ и сигурно е дека ќе прават многу проблеми на противничките екипи.

6. Лин Блом – во Ѓер од Баја Маре

Блом минатата сезона не играше во најдоброто европско натпреварување, но сега со Ѓер повторно ќе игра врвен ракомет. Таа со Пинтеа и Кари Дале ќе ја сочинуваат бековската позиција на унгарскиот тим. Блом игра во двата правци, добар дефанзивец е и многу ефикасна во нападите.

5. Тес Вестер – во ЧСМ Букурешт од Одензе

Јелен Грубишиќ размислуваше за крај на кариерата но реши да игра уште една сезоан. Луѓето во ЧСМ не чекаа и веднаш ја донесоа Тес Вестер како засилување. Холанѓанката не бранеше во препознатливата форма на Олимписките игри, но сигурно е дека во ЧСМ ќе има одлични изданија.

4. Јованка Радичевиќ – во Кастамону од Будуќност

Откако на двапати беше во тимот каде што ја започна кариерата Јованка Радичевиќ е пред нов предизвик. Таа е една од најефикасните ракометарки во историјата на европските натпреварувања и се очекува да биде големо засилување. Радичевиќ е предводник на Црногорките во Кастамону, заедно се неа ќе играат и Мехмедовиќ, Рајчиќ и Раичевиќ.

3. Бруна Де Паула – во Мец од Нант

Бразилката има се што е потребно за еден врвен игач, брзина, креативност и силен шут. Таа беше прогласена за МВП на првот фајнал-фор во ЕХФ купот каде што го водеше Нант до титулата. Де Паула имаше солидно издание на Олимписките игри за Бразил, на пет натпревари постигна 25 погодоци.

2. Хени Реистад – во Есбјерг од Крситиансанд

22-годишниот лев бек е една од најталентираните млади ѕвезди во светскиот ракомет. Реистад се истакна на последниот фајнл-фор од Лигата на шампиони каде што го водеше Кристиансанд до титулата со постигнати 22 гола.

  1. Ана Грос – во ЦСКА Москва од Брест

Без сомневање ЦСКМ Москва имаше одличен тим, но со доаѓањето Ана Грос рускиот тим добива докажан стрелец во Лигата на шампионите. Грос беше најдобар стрелец минатата сезона со 135 погодоци. Доколку ја задржи формата наредната сезона ќе биде огромно засилување за ЦСКА Москва.