четврток, октомври 21, 2021

Томовски: Ја остваривме целта, успеавме да дојдеме до победа (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, кој летово дојде од Германија, Мартин Томовски со секој натпревар покажува голем напредок во формата и докажува дека е големо засилување за „црвено-црните“. Против Еурофарм Пелистер имаше неколку одлични интервенции, а во клучните моменти покажа дека го заслужил ангажманот во редовите на Вардар. Како тој го виде натпреварот против Еурофарм Пелистер можете да погледнете и да слушнете во видеото.