Тимот на Тиквеш од Кавадарци, кој оваа сезона ќе се бори за опстанок во суперлигашката конкуренција, ќе има промени во ростерот.
Десното крило Андреј Хапал и голманот Александар Мицев не се повеќе членови на кавадаречкиот тим.
По заминувањето на Хапал, во тимот остануваат триото бекови од Србија – Медиќ, Смиљаниќ и Симиќ, а додека Мицев заминува откако во Кавадарци дојде Александар Стојаноски.
Кавадарчани ќе се борат за опстанок со Голден Арт КЛ7, Работнички, Младост Богданци, Радовиш, Прилеп, Астраион и Јуниор Кисела Вода.