Ракометарките на Стружанка продолжуваат да играат во одлична форма и после зимската пауза, на гостувањето кај Ѓорче Петров остварија сигурен триумф од 36:15 со кој се задржаа на четвртата позиција.
Стружанки имаа доминантно издание на натпреварот, во неколку наврати правеа серии со кои уште на полувремето обезбедија високо водство со што ја потврдија фаворитската улога. По 30 минути игра беше 6:21.
Во продолжението ракометарките на Ѓорче Петров беа немоќни да сторат нешто повеќе и мораа да се помират со висок пораз. Најпрецизна во победничкиот тим беше Теодора Дукоска со осум гола, додека во домашниот тим Ангела Цветановска со пет гола беше најефикасна.
ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЖРК СТРУЖАНКА 15:36 (6:21)
Сала: Кочо Рацин во Скопје. Судии: Андриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Зоран Кимовски.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Хасаноска, Маринчов 1, Несторовска, Џељадини, Петровска, Србиновска 3, Јовановска, Малцева 2, Шкријељ, Грковска 2, Антеска, Јованчева 2, Цветановска 5, Кежаровска.
Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 мин.
СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Б.Затуроска 3, Јовичинац 5, Голабоска, Маркоска 3, Дукоска 8, Переска 2, Јоноска 2, И.Затуроска 4, Балоска 1, Петреска 1, Делиоска 7, Јусуфи.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.