„Странците не се донесени за да го победат очајниот Вардар, туку…“

Белорускиот шампион Мешков Брест првпат во пет сезони учество во Лигата на шампионите не го повтори успехот.

Во сите претходни сезони тимот од Белорусија обезбедуваше место во осминафиналето, а сега заврши на седмото место во групата Б каде што играше и Вардар.

Легендарниот белоруски тренер Леонид Бразински, го лоцира проблемот во белорускиот шампион.

„Тренерската грешка е очигледна. Ако Алонсо продолжи да го води тимот, тогаш менаџментот на клубот е задоволен од постигнатото. Сите видоа дека најголемите проблеми во тимот се во одбраната, но сепак главната причина за неуспехот во ЛШ е лошата селекција, а тоа е вина на релевантните структури во клубот. Добри ракометари има во Брест, но тие не можат да ги решат проблемите. Видовте кој го победија. Тука не ги земаме во предвид очајниот Вардар и немотивираниот Кил, кој претходно имаше обезбедно следна фаза. Странците беа донесени за да ги победат СКА Минск и Мотор Запорожје? Тие мора да ги покажат своите способности во натпреварите против Порто, Монпелје и другите силни тимови во Европа. Од година во година, составот на Мешков не одговара со нивото на амбициите да се постигнат сериозни резултати“, изјави Бразински за „Спорт Панорама“.

Мешков Брест за следната сезона ги обезбеди потписите на пивотменот Владимир Врањеш од Татабања, потоа десниот бек Павел Пачковски и средниот бек од Вардар – Сташ Скубе, па сосема сигурно ќе добие вајлд карта за Лигата на шампионите.