Србија не дозволи сензација во Атина

Mашката репрезентација на Србија славеше на гостувањето во Атина кај селекцијата на нашиот јужен сосед со 25-27 и избегна македонско сценарио од пред три години.  Победа на овој дуел за јужниот сосед можеше да значи останување во игра за место на ЕП, но на крајот загубија во голема борба.

Домашните водеа со 6-4, но Србија се врати во игра и во продолежние најчесто се играше гол за гол. Во финишот на полувремето, јужниот сосед со двата гола на Калодинас стигна до плус два, 14-12.

Во вториот дел Милосављев беше солиден на голот, Србите се вратија во егал, а на десетина минути до крајот имаа и плус три, 20-23. Во финишот домашните намалија на минус два, но немаше време за нешто повеќе и на крајот само успеаја да го ублажат поразот, 25-27.

Најдобри стрелци во српската селекција беа Марсениќ со пет, како и Илиќ и Милосављевиќ со по четири погодоци. Србија уште одамна беше пласирана на ЕП, а со овој триумф ја однесе и Франција на континенталниот собир, па ситуацијата во групата 1 е јасна.