Србија без Цупара и Радивојевиќ против Македонија

Машката репрезентација на Србија вчера го имаше првиот собир пред пријателскиот двомеч со Македонија во Ниш.

Селекторот на Србија, Тони Херона, мораше да менува во составот, па наместо планираните 20 играчи, ќе смета на 19 за подготовки пред дуелите со Македонија.

Отпаднаа тројца играчи – голманот Владимир Цупара од Веспрем, десното крило Богдан Радивојевиќ од ПИК Сегед и бекот на Војводина, Милан Вуковљак.

Дополнителен повик имаше за младиот 19-годишен голман од ПИК Сегед, Лука Кривокапиќ, и за десното крило на Металопластика, Вукашин Воркапиќ.

Пријателските натпревари меѓу Македонија и Србија се играат во Ниш на 19 јуни од 18:00 часот и на 20 јуни од 16:00 часот.