СП 2021 Група А: Европските моќници против дебитантите на СП

Групата А на 27. Светско првенство во Египет 2021 година е составена од репрезентации од три континенти, а тука се и двете дебитантски репрезентации од вкупно три на првенството Уругвај и Капе Верде (Зеленорските острови). Во групата А уште се и трикратниот светски првак Германија и двократниот финалист Унгарија.

Уругвај и Капе Верде за првпат се на светско првенство и до сега немаат меѓусебни дуели ниту дуели со европски репрезентации со оглед на тоа што се од различни континенти.  Уругвај се пласираше како третопласирана репрезентација на шампионатот на Јужна и Централна Америка, додека Капе Верде го обезбеди својот билет за Мундијалот како петопласирана селекција на афричкото првенство во 2020 година.

Натпреварите во групата А започнуваат на 15. јануари и веднаш ќе добиеме слика како дебитантите ќе се справат со фаворизираните европски репрезентации. Сите кои следат ракомет во изминатите години знаат дека Германија е една од најдобрите репрезентации за гледање и е еден од главните фаворити за титулат во Египет и покрај бројните откажувања на играчи. Германија е европски шампион од 2016 година, а потоа следеше освојување на бронзен медал на Олимписките игри 2016. Германија на претходното Светско првенство во 2019 година го освои четвртото место, а на последното големо натпреварување во 2020 година на ЕП го освија петото место.

Помалку забележителен е подемот на Унгарија, но секој кој го следеше Европското првенство во 2020 година ќе знае колку Унгарците се опасни. Со просечна возраст под 25 години селекцијата на Унгарија беше најмлада на последното ЕП. Унгарија ги победи Русија и Исланд, додека со подоцна освојувачот на СП, Данска одигра нерешено. Унгарците со овие резултати беа многу блиску да обезбедат полуфинале, но на крајот завршија само да деветото место на првенсвото.

После ЕП 2020, единствените официјални натпревари што се играа во Европа се квалификациските дуели за следното ЕП на кое домаќин е Унгарија. Унгарците се директно квалификувани како домаќини и играат во Евро Купот. Започнаа со победа против Шпанија и тесен пораз од Хратска. Овие резултати покажуваат дека младата селекција на Унгарија мора сериозно да се сфати.

На хартија главни фаворити и битката за првото место ќе ја водат Германија и Унгарија, додека Уругвај и Капе Верде ќе се борат за третото место кое води следната фаза. На првите натпревари од групата А ќе се сретнат Германија и Уругвај, а потоа и Капе Верде со Унгарија. Во второто коло Капе Верде ќе игра со против Германија, додека Унгарија и Уругвај ќе ги одмерат силите. Третото коло се очекува да биде одлучувачко за првото место каде што ќе решаваат Унгрија и Германија и за трето место ќе се игра дуелот помеѓу Уругвај и Капе Верде.

Од оваа група единствени репрезентации кои досега имаат меѓусебни дуели на официјални натправери се Германија и Унгарија. На вкупно 60 натпревари Германија триумфирала на 33 меча, додека Унгарија победила 16 пати, а 11 натпревари завршиле нерешено. Последната победа Унгарија против Германија ја има на пријателсики натпревар во 2012 година, а оттогаш Германија победи на четири меѓуебни дуели од кои последен беше на Светското првенство во 2017 година.

До сега на светските првенства Германија има вкупно 25 учества со освоени три шампионски титули во 1938, 1978 под името Западна Германија и во 2007 година. И покрај откажувањата на неколку ракометари сепак Германците имаат силен тим и многу квалитетни индивидуалци. Меѓу нив се голманот Андреас Вулф, Уве Генсхајмер и Тимо Кастенинг. Германците се први фаворити во групата А и ќе се обидат да стигнат чекор подалеку од минатото светско првенство кога завршија на четвртата позиција.

ГЕРМАНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаТежинаНатпревари
3gerУве Генсхајмерлево крило114188905
6gerФин Лемкелев бек002101150
8gerТим Зутонцентрален бек00191900
9gerТобијас Рајхмандесно крило03188841
12gerСилвио Хајнефетерголман00194993
15gerЈури Кнорцентрален бек15190944
15gerКристијан Дисингерлев бек002021020
19gerМариуш Штајнаузердесно крило00187850
21gerДарио Квенштетголман00193980
22gerМаријан Михалчикцентрален бек021991003
24gerПатрик Грецкидесно крило01189844
27gerАнтонио Мецнердесен бек002071051
32gerФранц Земпердесен бек00190920
38gerФабијан Бемлев бек44198975
42gerМориц Пројспивот00194951
61gerХендрик Пекелерпивот002031010
77gerДавид Шмитдесен бек19190925
80gerЈаник Колбахерпивот001931050
93gerПатрик Цикерлево крило00186860

Унгарија во минатото има 21 учества на светските првенства од кои најголемиот успех го има забележано на првенството во 1986 година кога го освоија сребрениот медал. Во репрезентацијата на Унгарија има многу врвни ракометари, а како главни предводници се сметаат голманот Роланд Миклер, организаторот на играта Мате Лекаи и пикерот Бенце Банхиди. Унгарија обезбеди пласман на СП како деветопласирана репрезентација на ЕП 2020 бидејќи баражите подоцна беа откажани заради коронавирусот.

УНГАРИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаТежинаНатпревари
4hunХуба Вајдапивот001931120
7hunБендегуз Бокалево крило16193855
8hunПетер Ковачичлев бек00188700
21hunЗоран Илиќдесен бек00197860
26hunАријан Андоголман00189830
28hunМартон Варгалев бек00188820
31hunБенце Шучпивот002061340
34hunМарсел Габорлев бек00197950
35hunАндраш Кончлев бек00188880
45hunДавид Уборњакцентрален бек00184840
55hunЧаба Лајметердесен бек001951010

Уругвај за првпат ќе настапи на едно Светско првенство и ова ќе биде вистински историски момент за оваа репрезентација. Тие се пласираа со освојување на третото место на шампионатото на Јужна и Центална Америка. Главни играчи во тимот се Максимо Канцио (бек), Габриел Чапаро (пикер), Алехандро Веласко (лево крило), Николас Фабра (десно крило) и Фелипе Гонзалез (голман).

УРУГВАЈ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаТежинаНатпревари
1uruЛуис Фелипе Наваретеголман00189903
2uruГабриел Чапаропивот461931105
4uruФакундо Листонпивот08193955
9uruНиколас Фабрацентрален бек111861054
10uruГабриел Спангенбергдесен бек11183954
11uruДиего Фалабрино Мединацентрален бек00178743
12uruАндрес Виераголман01184832
13uruМаксимо Естебан Кансиодесен бек217190955
15uruБруно Мендезпивот031901204
16uruФелипе Гонзалесголман01177765
17uruДиего Морандеирадесен бек012186845
19uruРодриго Ботехарацентрален бек06173705
20uruФедерико Руболево крило16183905
22uruСебастијан Весинолев бек041951053
24uruАлехандро Веласколев бек04183984
26uruМатијас Ечеверилево крило00180802
34uruХеронимо Гојоагадесно крило18177784
36uruКристијан Ростањо Риослево крило06178805
40uruМаксимилијано Де Агреладесен бек04183833
74uruГиљермо Милан Флореслево крило00174863

И за репрезентацијата на Капе Верде настапот на Светското првенство ќе биде најголемиот ракометен усепех на земјата. Тие обезбедија пласман на првенството со освојување на петото место на африканскиото првенство и за првпат ќе имаат можност да се спротивстават на моќните европски репрезентации. Клучни играчи во тимот се Делсио Пино (бек), Леандро Семедо (бек), Иво Сантос (бек), Елисио Фернандез (голман), Едмилсон Араухо (лев бек).

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаТежинаНатпревари
1cpvЛуис Алмеидаголман00184901
2cpvЖил Баијано Дос Сантосцентрален бек00188801
3cpvДелкио Пиналев бек02198981
4cpvИво Сантоспивот002001000
5cpvЕдмилсон Араухолев бек02187931
6cpvЛеонардо Семедолев бек061941051
7cpvФлавио Фортесдесно крило00194880
8cpvРуи Лопезлев бек00187760
9cpvЕдмилсон Рибеиродесен бек00188820
10cpvБруно Ландимдесен бек00193950
11cpvФернандо Диаслев бек00192880
12cpvЕлчио Фернандесголман001961051
13cpvПауло Моренопивот031971001
14cpvПауло Андрадедесен бек00182750
15cpvАлександре Переиралево крило22186801
16cpvЖошимар Таварешголман00175700
17cpvРафаел Андрадедесен бек00196940
18cpvЏуниор Соаресголман00175770
19cpvАдмилсон Есталини Фуртадодесно крило15177781
23cpvГилсон Кореиалево крило00175720
25cpvЛеонардо Мартинслев бек00188850
29cpvФелисберто Ландимпивот021971191
30cpvЕледи Семедоцентрален бек00187930
31cpvАлексис Мирандалев бек00186780
32cpvЕдилсон Мораислево крило00188840
33cpvАндерсон Рочалев бек00189780
44cpvГуалтер Фуртадоцентрален бек15185941
45cpvВилсон Пинтодесен бек00189900
55cpvЕриксон Дуартецентрален бек00187880
66cpvФред Вилсон Дос Сантослев бек00187800
108cpvКлеивис Бритодесно крило00188780