Спартак приреди изненадување, jа совлада екипата на Деспина

Ракометарките на Спартак ја забележаа петтата победа во Женската лига откако на домашен терен во 14. коло изненадувачки ја совладаа екипата на Деспина со 27:25.

Екипата од Прилеп се наоѓа веднаш зад четворката на првенствената табела, но не успеа да се доближи на само еден бод зад Вардар. Спартак добро го започна мечот, а во почетните минути имаше предност од 4:1.

Иако во текот на првиот дел домашните постојано имаа предност, сепак, ракометарките на Спартак на полувреме заминаа со негатива. Деспина во завршните моменти од првото полувреме поведе и на одмор имаше гол позитива 14:13.

Второто полувреме беше многу неизвесно, Деспина на почетокот поведе со 17:14, но следуваше серија на домашниот тим и пресврт. Уште неколкупати екипите го менуваа водството за во финишот Спартак подобро да се снајде и да стигне до победата.

Предводник во побдата на Спартак беше Ана Марија Коларовска со девет гола, а шест постигна Ангела Гроздановска. За тимот на Деспина најефикасна беше Конеска Мери со десет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080