Сите во Металург се негативни, можат слободно назад на тренинг

После 14 дена во изолација ракометарите на Металург од денеска можат да се вратат нормално на тренинзи со оглед на тоа што добија и негативни резултати на новите тестирања за Ковид 19 и можат одново да работат според план.

Карантинот заврши уште во средата, а потоа сите мораа на тестирање и со оглед на тоа што добија негативни резултати веќе немаат проблеми да можат одново на тренинг и да продолжат со подготовки за следните дуели од Лигата на Европа.

Веќе се знае дека во продолжение од сезоната ќе има и промени во стручниот штаб бидејќи Зоран Кастратовиќ повеќе не е на клупата на Металург. Го наследува Оливер Димитриоски така што „металурзите“ продолжуваат со него на другите средби од Лигата на Европа и од Супер машката лига.

Како што е познато, Металург се најде во карантин од 22 октомври откако имаше нов позитивен ракометар, па мораше да одат сите во изолација. Неколку натпревари беа одложени, па сега ќе биде доста напорно бидејќи треба да се одиграат и одложените натпревари од Супер лигата, но и да се игра во Лигата на Европа.