СЕХА почнува на 17 декември – Металопластика доаѓа на гости кај Еурофарм Пелистер

Иако беше планирано, регионалната СЕХА лига да започне во февруари следната година, сепак пред крајот на оваа година ќе се одиграат два натпревари.

Тимот на Еурофарм Пелистер ќе дебитира во Битола на дуел против Металопластика Шабац на 21 декември. Српскиот шампион Војводина ќе оди на гости кај Нексе на 17 декември.

Oфицијален распоред веројатно нема да има, туку натпреварите ќе се играат во договор меѓу екипите.

Битолчани се во група со Татран Прешов, Загреб и Металопластика, додека Вардар ќе игра со Нексе, Војводина и Мотор Запорожје. Вардарци првиот меч, сосема извесно ќе го одиграат следната година.

Веројатно тоа ќе биде и единствениот меч за оваа година на битолчани, со оглед на тоа што Татран Прешов и Загреб имаат за играње заостанати средби од Лигата на Европа и Лигата на шампионите на 20, 22 и 23 декември.