Селекторот на Русинките одлучи, на Олимписките игри само со домашни ракометарки

Женската репрезентација на Русија во Токио е еден од главните фаворити за освојување на титулата, а Русинките се надеваат дека ќе ја одбранат олимписката титула освоена пред пет години во Рио де Жанеиро.

На овие Олимписки игри, Русија ќе настапи со ракометарки од домашниот шампионат, а најголемиот дел од нив доаѓаат од двата најголеми руски клубови, Ростов Дон и ЦСКА Москва.

Селекторот на Русија ги објави имињата на ракометарките кои ќе патуваат на Олимписките игри во Токио. Место имаше за 17 девојки, додека три од нив кои беа на подготовките во Сочи, Вероника Никитина, Валерија Кирдјашева и Олга Шчербак остануваат во Русија и на нивните услуги ќе може да се смета од следната година.

Репрезентативките на Русија активно се подготвуваат за Олимписките игри и одиграа неколку пријателски натпревари. Во првата фаза во Токио ќе играат во групата Б, а нивни противници се репрезентациите на Шпанија, Унгарија, Франција, Бразил и Шведска.

Меѓу ракометарките кои добија можност да патуваат во Јапонија се најдоа:

ГОЛМАНИ: Викторија Калинина (Ростов Дон), Анастасија Лагина (Лада), Ана Седојкина (ЦСКА Москва)

КРИЛА: Полина Горшкова (ЦСКА Москва), Полина Кузнецова (Ростов Дон), Дариа Самохина (Астраханочка), Јулија Манагарова (Ростов Дон), Олга Фомина (Лада)

ПИВОТИ: Ксенија Макеева, Ана Сен (Ростов Дон)

БЕКОВИ: Владлена Бобровникова, Ана Вјахирева (Ростов Дон), Антониа Скоробогатченко, Елена Михаиличенко, Полина Ведекина, Екатерина Илина, Дариа Дмитриева (ЦСКА Москва).