Новиот селектор на репрезентациајта на Македонија, Кире Лазаров со својот Нант му нанесе тежок пораз на ППД Загреб во Лигата на шампионите. Нант лесно ги освои бодовите откако лесно триумфираше со 34:24.
Уште од самиот почеток Нант започна квалитетно и ја градеше предноста, веќе по десет минути игра беше 3:8. Најголемиот дел од акциите на гостинскиот тим завршуваа со погодок, додека Загреб имаше многу проблеми да го совлада Димулан.
До крајот на првиот дел Нант со серии од двапати по 4:0 направи недостижна предност и го реши победникот. По 30 минути игра беше 8:20. Почетокот на вториот дел повторно им припадна на гостите кога стинаа до највисокото водство на мечот од 15 гола разлика.
Искусниот тим на Нант знаеше како сигурно и лесно да го приведе натпреварот до крај за убедлив триумф. Кире Лазаров натпреварот го заврши со три погодоци, а најефикасен беше Даматрин-Бертранд со шест гола. Во составот на Загреб прв стрелец беше Сенјамин Буриќ со шест гола, Хрстиќ и Обрадовиќ постигнаа по четири.