четврток, септември 24, 2020

СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Србија немоќна пред своите навивачи, Македонија обезбеди меч за петто место на ЕП! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот oд главната фаза на ЕП 2012 година меѓу Македонија и Србија, кој нашите ракометари го добија со 22-19 и обезбедија меч за петтото место против Словениј. За Србите овој меч не значеше ништо бидејќи веќе беа во полуфиналето, но сигурно сакаа пред своите гледачи да победат, а Македонија не им го дозволи тоа. Кире Лазаров даде десет погодоци, а Ванчо Димовски три. На оваа средба за Македонија настапија Борко Ристовски, Петар Ангелов, Стевче Алушовски, Дејан Манасков, Златко Мојсоски, Владимир Темелков, Бранко Ангеловски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, а селектор беше Звонко Шундовски.