понеделник, јануари 24, 2022

СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Како еден одбранет пенал ја врати Македонија на ракометната мапа! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Португалија и Македонија од квалификациите за бараж за Светското првенство 2009 во Хрватска, кој беше одигран на 20 јануари. Македонија славеше со 38-32 на првиот дуел во Скопје, а со оглед на тоа што и двете репрезентации два пати ја победија Бугарија, нивниот двомеч решаваше за место во баражот каде чекаше Исланд. Иако избраниците на Илија Темелковски водеа во првиот дел, на крајот можеа да останат без место во баражот. При 31-26, беше досуден пенал за Португалија, но Ристовски го одбрани ударот на Тавареш. Подоцна, во јуни, нашата репрезентација го елиминира Исланд во баражот и се пласираше на СП во Хрватска.