Координаторот на македонските женски ракометни селекции, Љубомир Савевски, го објави списокот на повикани ракометарки за собир и подготовки на женската младинска репрезентација.
Младинската репрезентација на Македонија е дел од Групата Б на ЕХФ шампионатот што ќе се одржи во Скопје, Македонија во период од 10 до 18 јули.
Противници на Македонија се репрезентациите на Холандија, Фарски Острови, Косово и Босна и Херцеговина.
Во стручниот штаб на Савевски, се тренерите Аце Станковски и Јулијана Дамчевска, како и тренерот на голмани, Тања Андрејева.
Собирот на младинките ќе биде на 19 јуни во 12:00 часот.