Женската репрезентација на Русија ќе биде значително ослабена на претстојното Европското првенство во Данска.
Селекторот Мартин Амброс нема да смета на средниот бек Ана Сен и десниот бек Ана Вјахирева.
Вјахирева го повреди грбот на дуелот меѓу Ростов Дон и ЧСМ Букурешт и ќе мора да направи подолга пауза, па МВП од претходното ЕП во Франција нема да игра во Данска.
Од претходно повредена е Сен, а за „зборнаја“ нема да настапи ниту Елена Михајличенко.
Русија е во групата Б заедно со Шпанија, Шведска и Чешка. Европското првенство започнува на 3 декември.