Селекцијата на Норвешка дојде до победа на вториот дуел против Белорусија, а на домашен терен славеше со 27:19.
Во составот на Норвежаните беше и ракометарот со доста популарно презиме, Кристофер Рамбо така што Белорусите едноставно немаа шанси. Беа далеку од нивото од првиот натпревар, па иако Норвешка беше во Б составот дојде до висок триумф.
После 30 минути селекцијата на Норвешка има гол предност и водеше со 11:10. Тој гол беше предизвик за продолжението, а главната предност дојде во завршните 10-15 минути. Тогаш Норвежаните доминираа така што успеаја да стигнат до победата и до бодовите кои им беа потребни од овие квалификациски дуели.
Себастијан Бартолд имаше девет гола, а Аксел Хорген погоди седумпати. Рамбо имаше еден гол, но имаше важна улога во одбраната. За Белорусија, Барис Пухоуски деветпати погоди во мрежата на домашните, додека Јулија Хирук имаше шест гола.