Радовишани во еден здив, од прва до последна минута доминираа против Јуниор

Ракометарите на Радовиш беа убедливи на домашен терен против составот на Јуниор Кисела вода забележаа победа од 39:27 во заостанатиот натпревар од Групата А од Супер машката лига.

Радовишани тргнаа силно од првата минута и брзо направија висока предност. После 6:1 беше јасно како ќе се одвиваат настаните на теренот. Раниот тајм-аут за гостите не даде резултат и предноста на домашните продолжи да расте.

Домашните имаа повеќе од играта, но беа и порешителни во нападот и во реализацијата. Гостите не успеаја да го следат ритамот, па на одмор резултатот беше 22:11 во корист на Радовиш.

После ваквата предност во второто полувреме немаше потреба од дополнително форсирање. Радовишани само ја одржуваа предноста и без проблеми до крајот останаа на висока предност која беше и повеќе од доволна за да се дојде до триумф.

Со ова Радовиш го напушти последното место на табелата, а Јуниор Кисела вода ќе мора да надоместува во следниот период.

14 ноември 2020
39 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 ноември 2020 21:35 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 14.11.2020 60'

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ2239Победа
ЈУНИОР К.В.1127Пораз

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Славе Јовановскицентрален бек02
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило06
6Ристе Чаповцентрален бек00
9Спасе Ѓоргиевдесно крило10
10Здравко Постоловцентрален бек14
14Јован Ѓоргиевлев бек02
15Аце Спасовлев бек01
18Ангелче Органџиевлев бек02
19Александар Марковлев бек00
23Кристијан Ристовлево крило03
24Мартин Трајковскиголман00
66Ивица Илиевцентрален бек011
71Филип Трајановдесно крило04
Александар Долдуровлево крило04
 Вкупно 239

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило00
3Андреј Крстевски-00
4Марко Трајковскипивот00
5Мартин Бошковскипивот04
6Стефан Крстескидесно крило00
7Бојан Маневцентрален бек13
10Филип Ролевскидесно крило03
12Александар Стојаноскиголман00
18Мартин Димовскицентрален бек02
23Стефан Стојановскилев бек01
24Немања Милутиновиќлев бек04
88Томче Трајчевскипивот02
97Жарко Барјактаревиќдесен бек05
Кирил Пешкирскилево крило13
 Вкупно 227

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАУМОВСКИ РУСЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200260
2ВАРДАР 196122200260
3АЛКАЛОИД22200260
4ОХРИД22142644
5ТИКВЕШ 201422113836
6БУТЕЛ221201036
7ПРИЛЕП22731224