Ракометарите на Пролет имаат три од три на стартот од новата сезона откако денеска на домашен терен дојдоа до триумф и против Прилеп со 31:28 иако во добар дел од натпреварот разликата беше и двоцифрена.
Кој ќе дојде до победа на оваа средба се виде после десетина минути игра. Домашните тргнаа фуриозно и брзо успеаја да создадат предност. Имаа 7:2, а овие пет гола разлика даваа надеж за убаво продолжение на натпреварот.
Овие плус пет отворија простор за постојано зголемување на водството. Иако Кузманоски побара тајм-аут тоа не даде резултат, па до крајот на првото полувреме Пролет беше составот што ја имаше играта под контрола. Постојаното контролирање на високата предност овозможи на одмор да се замине со 19:9.
Десетте гола разлика на крајот од првиот дел од средбата отворија простор за подобар резултат во продолжението. Сепак, имаше мало опуштање кај домашните што беше искористено од ракометарите на Прилеп за да стигнат до негатива од четири гола и да се вратат во игра. Меѓутоа откако намалија на 20:24 и 21:25 следуваа одново минути во кои Пролет имаше повеќе од играта и беше вратена безбедна предност од седум гола на четири минути до крајот, 29:22.
Иако до крајот тимот на Прилеп успеа да намали на три разлика, тука веќе беше јасно дека Пролет останува на максимум после три кола, додека Прилеп има три бода од дуелот против Металург во 2. коло.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА