Пролет важи, односно важеше за клуб што не носи интернационалци во своите редови, но лани го донеса српскиот Грк - Цуро Мујиќ, а на стартот на сезонава ветеранот од Црна Гора, Жарко Пејовиќ, па веќе не може да се пофалат дека се чист „македонски производ“.
Тимот на Пролет ги засилува своите редови пред стартот на натпреварите од разигрувањето за титулата во Суперлигата. Скопскиот тим ги засилува своите редови, и играчки и тренерски.
На стартот на подготовките во стручниот штаб се приклучи Алексо Лембанов, кој работеше во Металург. Во Пролет повратник е кружниот напаѓач Филип Василевски, кој си замина лани, но сега се враќа и ќе му прави друштво на Михаил Аларов на линијата од шест метри.
Тренерот Никола Матлиески ќе има на располагање и уште еден нов играч во бековската линија – десен бек. Потпишан е договор со српскиот интернационалец Никола Потиќ, кој досега играше во Металург.
Пролет важи, односно важеше за клуб што не носи интернационалци во своите редови, но лани го донеса српскиот Грк – Ѓуро Мујиќ, а на стартот на сезонава ветеранот од Црна Гора, Жарко Пејовиќ, па веќе не може да се пофалат дека се чист „македонски производ“.
Желбите на скопскиот клуб се борба за место во европските купови, иако досега три пати излегуваа во Европа, но три пати имаа двојно гостување и немаат одиграно ниеден натпревар на домашен терен.