Составите на Прилеп и ГА КЛ 7 го твораат пролетниот дел од сезоната во групата на тимови кои ќе се борат за опстанок.
Плеј-аут лигата денеска носи само еден дуел кој сигурно ќе донесе интересен ракомет бидејќи се работи за две израмнети екипи. Сосема извесно е дека ова ќе биде интересен дуел во кој сигурно нијанси ќе одлучат за бодовите.
Две средби се играат утре, а една е дури в недела. Она што засега е непознаница е немањето на официјална информација колку екипи ќе обезбедат опстанок. Конечниот термин е 15 март, па пред одигрувањето на 2. коло би требало да се има информацијата и потоа ќе следува голема борба.
Постои можност три екипи да обезбедат опстанок директно, а една да игра бараж со првопласираниот состав од Првата машка лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ
ПЕТОК, 5 МАРТ
19:00ч
ПРИЛЕП – ГА КЛ 7
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
САБОТА, 6 МАРТ
18:30ч
АСТРАИОН – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ
Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
19:00ч
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ГРК ТИКВЕШ
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.
НЕДЕЛА, 7 МАРТ
14:00ч
РАБОТНИЧКИ – РАДОВИШ
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
Како изгледа комплетниот распоред за пролетниот дел од сезоната во плеј-аут лигата можете да погледнете во продолжение.