Ракометарките на Одензе дојдоа до титулта во првенството на Данска откако го совладаа составот на Виборг со 30:26, но при прославата претераа и главниот трофеј беше поделен на шест дела.
Прославата траеше долго, па во целиот тој занес дојде до деформирање на пехарот така што некој морал да реагира.
Следниот ден екипата била на прием кај градоначалникот, а сите во тимот биле изненадени кога виделе дека пехарот е целосен.
„Драго ни е што го гледаме целиот пехар бидејќи истиот беше поделен на шест дела. Малку претеравме со прославата“, изјави мие Хојлунд за медиумите во Данска.
Ова беше прва титула за Одензе така што успеа да го симне Есбјерг од тронот, кој победуваше во последните две сезони.