четврток, септември 16, 2021

ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ: Вардар вторпат ја покори Европа и се искачи на тронот (ВИДЕО)

На денешен ден пред две години се одигра големото финале на Лигата на шампионите во Келн, во кое се сретнаа Вардар и Веспрем. Избраниците на Гарсија Парондо славеа со 27:24 и ја освоија втората европска шампионска титула. Иако уште на стартот на таа сезона 2018/19, сите го „прецртаа“ Вардар и го прогласија за аутсајдер, македонскиот тим ги изненади сите и не само што стигна на Ф4, туку и ја освои титулата. Најефикасен играч во финалето кај Вардар беше Мораес со 6 голови, додека Чупиќ постигна 5 голови. Погледнете ги најдобрите моменти од легендарното финале....