Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер денеска го играат првиот натпревар во новата сезона во рамки на Супер купот на Македонија. Натпреварот почнува во 19 часот и се игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“, но како и целата мината сезона и на овој дуел ќе недостига публиката.
Според Ковид правилата кои важат во моментов за спортски натпревари уште не може да има присуство на публика така што фановите овој натпревар ќе можат да го следат на ТВ екраните.
Досега тимот на Вардар има три трофеи на Супер куп средбите од трите одиграни.