Во следните два и пол месеци, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде центар за вакцинација против Ковид-19, па двете ракометни репрезентации натпреварите ќе ги играат во друга сала.
ЕХФ веќе потврди дека дуелот меѓу Македонија и Романија од баражот за Светското првенство во Шпанија во женска конкуренција ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“ на 21 април од 17:45 часот.
Ист ќе биде случајот и со натпреварот на машката репрезентација од квалифиакциите за Европското првенство во Унгарија и Словачка против Швајцарија, кој е на програмата на 2 мај од 18:00 часот.
Подолго време двете сениорски репрезентации своите натпревари ги играат во СЦ „Борис Трајковски“, но за последните акции оваа сезона ќе мора да се преселат на другата страна од градот.