Екипата на Еурофарм Пелистер има само една измена во тимот во однос на минатата седмица и денеска на местото на Табоада кој остана во Македонија ќе игра Марио Танкоски.
Другите ракометари се истите како и на првата средба од сезоната во Лигата на Европа одиграна во Битола минатиот вторник.
Инаку, тимот на Кадетен Шафхаузен исто така не е комплетен. Во тимот го нема Жоан Канељас. Поранешниот вардарец е повреден, но тој ќе биде на клупата. На оваа средба Шпанецот ќе биде во улога на асистент.
Натпреварот се игра во ББЦ Арена во Шафхаузен со почеток во 18:45 часот.