четврток, септември 16, 2021

Победнички крај на сезоната, од јули почнува нова вардарова ера (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Металопластика сеха

Ракометарите на Вардар по освојувањето на домашниот Куп и титулата во Суперлигата, забележаа уште две победи во рамките на осминафиналето на регионалната СЕХА лига над српскиот тим Металопластика. По вчерашниот триумф од осум гола, денешниот реванш беше само формалност и шанса за настап добија играчите со помала минутажа. На крајот, „црвено-црниот“ тим им се заблагодари на осум ракометари за досегашниот придонес во дресот на Вардар, како и на тренерот Алушовски.