Пешевски одличен, Штутгарт со гостински триумф над Мелсунген

Во рамките од 15-то коло од Бундеслигата, денес се одигра дерби натпреварот помеѓу Мелсунген и Штутгарт, а победник беше гостинот со резултат 30:28. Ова беше првата победа на Штутгарт во новата година.

Двете екипи играа израмнет натпревар во првиот дел. По 30 минути игра, резултатот беше 15:15. Во првото полувреме солидна минутажа имаше репрезентативецот на Македонија, Жарко Пешевски кој постигна еден гол.

Во вториот дел продолжи играта гол за гол, а главно екипата на Мелсунген доаѓаше во позиција за зголемување на водството од еден на два разлика. Беше неизвесно до самиот крај, а резултатската неизвесност ја одржуваа и голманите на двете екипи, Небојша Симиќ и Јоханес Битер. Во последните три минути ракометарите на Штутгарт со добра одбрана и реализација стигнаа до нови бодови.

Солидна партија одигра репрезентативецот на Македонија, Жарко Пешевски, постигна три погодоци и своја улога имаше и во одбраната. Ова беше осма победа за екипата на Пешевски и моментално составот на Штутгарт се наоѓа на 10. позиција на табелата.