Екипата на Штутгарт каде што настапува репрезентативниот пикер на Македонија, Жарко Пешевски имаше многу слабо издание и беше поразена од Кобург на домашен терен со 23:29.
Иако беа фаворити на овој натпревар играчите на Штутгарт доживеаја висок пораз на свој терен. Пешевски немаше свој ден и не успеа да постигне гол од еден удар кон противничкиот гол.
Првото полувреме беше доста израмнето, двете екипи имаа добри периоди и водство од два до три гола. Сепак на полувремето гостите имаа предност 9:11. Во вториот дел Кобург целосно доминираше, имаше и осум позитива и стигна до заслужена победа.
Овој пораз беше четврти во низа за екипата на Пешевски, Штутгарт и после зимската пауза продолжува со резултатската криза. Во следното коло повторно на домашен терен Пешевски ќе се сретне со тимот на Лудвигсхафен каде што настапува Мартин Томовски.